Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес оставри билатерална средба со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. На средбата било разговарано за натамошно продлабочување на македонско-чешкото партнерство и политичкиот дијалог, како и за актуелните регионални и меѓународни прашања.
Чешката Република е еден од нашите значајни европски и евроатлантски партнери. Како сојузници во НАТО, ја нагласивме важноста од тесна соработка и координација во услови на сè посложени геополитички и безбедносни предизвици. Посебен акцент ставивме на европската интеграција. Ја цениме принципиелната и континуирана поддршка на Чешката Република за нашиот европски пат и за полноправното членство во Европската Унија, изјави по средбата Муцунски.
Значителен потенцијал, истакна, постои и за поголема трговска размена, нови инвестиции и конкретни партнерства, особено во транспортот и инфраструктурата, енергетиката, туризмот, земјоделството и технологијата.

Северна Македонија може да смета на Чешка како пријателска земја. Прага ја следи сложеноста на пристапниот процес на земјава. Но, морам да ве уверам дека е наша приоритетна цел да ја видиме Северна Македонија во Европската Унија што е можно побргу и сме подготвени да направиме сè што ќе биде потребно. Тоа не е само битно за вас, туку и за нас. Европската Унија треба да го вреднува степенот на подготвеност на Северна Македонија за членство, како и напорите и отстапките што земјата ги направила во изминатите години, рече Мацинка.

OhridNews











