Во Центарот за култура „ Григор Прличев синоќа се одржа  добротворен концерт на кој настапија играорни и пејачки групи од охридската и струшката општина. Учествуваа КУД „Илинден“ од Велгошти, турска културно-уметничка група , албанската играорна група при основното училиште „Братство-единство“ и кутурно-уметничкото друштво на Египќаните „Клеопатра “ од Струга. Средствата собрани од концертот што го организираше Младинскиот Совет од Охрид ќе бидат наменети за реализација на програмата за превенција од психоактивни супстанци, акохол, дрога и тутун која оваа невладина организација ќе ја отпочне во текот на идниот месец.


Мултикултурата  – богатство на Охрид


ФОТО: ДИГИТАЛ ФОТО МИКИ