Староградските песни за охридските убавици Деспина, Фросина, Антица…, испеани од членовите на ансамблот „Билјана Јуниор“, вчеравечер, никого не оставија рамнодушен. Бројните гости на концертот заедно ги пееја познатите рефрени со кои децении наназад охриѓани ги прославувале своите семејни веселби.

Како што беше кажано на почетокот на концертот,овој и секој нареден настап на ансамблот ќе биде посветен на нивниот другар, Андреј Лаброски, човекот кој беше столб на овој ансамбл, сакајќи преку песната да му се оддаде почит за се она што го остави зад себе и да продолжи неговата мисија за зачувување на традицијата и музиката во Охрид.

Концертот започна со „Билјана платно белеше“, а охриѓани веднаш се придружија потпевнувајќи и уживајќи во прекрасниот мелос и амбиент.

На сцената на „Билјана Јуниор“, поцоцна, со својата гитара им се придружи и познатиот македонски поп пејач Ристо Самарџиев, а неколку нумери изведе и долгогодишната соработничка и вокал на Ансамблот за народи песни и игри „Танец“, Мартина Костова.

Оваа година концертот беше во духот на Охридската Визита.

Т.К.