МВР ги утврдило идентотетот на пратениците кои се гледаат на снимките објавени од телевизиите Телма и Алсат М како им помагаат на демонстрантите при упадот во Собранието.
-СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје доставилодве известувања од кои едното се однесува за превземени мерки и активности во врска со наредба за утврдење на целосни лични податоци за вкупно седум лица – пратеници во Собранието на Република Македонија, а другото известување се однесува за досегашни преземени мерки и дејствија, соопшти МВР.
На снимките од безбедносните камери кои ги објавија телевизиите се гледаат седум пратеници, меѓу кои и двајца пратеници на ВМРО ДПМНЕ од Охрид Сашо Василевски и Љубен Арнаудов. Другите пратеници се Крсто Мукоски, Илија Димовски, Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ и Љупчо Димовски од Социјалистичка партија на Македонија.
Во немирите кои следеа по упадот на демонстрантите повредени беа десетина пратеници, од кои дел потешко.
СВР Скопје денеска поднесе кривична пријава против Ј.Л. (41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „предизвикување општа опасност“. На 27.04.2017 година околу 19.00 часот пријавениот заедно со толпата влегол во Собрание на Република Македонија. Околу 20.40 часот заедно со околу 20 лица се качил на првиот кат од Собранието, по што сам влегол во две канцеларии кои се меѓусебно поврзани. Притоа, истиот под работно биро поставил импровизирана експлозивна направа која се состои од петарда и боца со компримиран бутан гас залетени со селотејп трака, како и уште едно парче петарда и си заминал. На 02.05.2017 година околу 08.25 часот вработените во канцелариите пристигнале на работните места и почнале да го средуваат нередот во истите. Во еден момент едниот вработен ги забележал петардата и импровизираната експлозивна направа на подот, по што мислејки дека е факел,заедно со неговиот колега ги однеле и ги оставиле до кофите за смет во ходникот. Истиот ден околу 17.00 часот од страна на вработен како обезбедување во Собранието, при обиколка во објектот, била забележана импровизираната експлозивна направа, по што истиот телефонски пријавил во СВР Скопје.
OhridNews












