Министерството за внатрешни работи известува дека сите Одделенија за управни работи ќе работат и денеска (недела).

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа. Барањата за лични карти се примаа и одобруваа итно заклучно со сабота (14.10.2017 година) до 16.30 часот. На денот на изборите, недела (15.10.2017 година) Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 07.00 до 19.00 часот, информира МВР.

OhridNews