На 15.06.2026 во 07:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на автопатот во изграда Охрид – Кичево, кај с.Оровник, општина Дебарца, 32-годишно лице од с.Корошишта, струшко, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во шахта, а потоа во 46-годишно лице од Народна Република Кина, со престој во с.Извор, кој извршувал работни задачи на автопатот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил работникот, додека со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид. По наредба на јавен обвинител, возачот е лишен од слобода, а увид извршила увидна екипа на СВР Охрид, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
OhridNews













