Со централизирана набавка обезбедени се над 30 молекули скапа биолошка терапија која не е на позитивната листа на лекови, за да им биде достапна на пациентите во болниците со што сите жени со рак на дојка имаат терапија, информираат од министерството за здравство.

Од министерството потенцираат дека е воведена новина за двојно читање на мамографските слики. Отсега, мамографските снимки за рано откривање рак на дојка ќе бидат независно анализирани од двајца радиолози, кои треба да имаат искуство на читање мамографски слики од минимум 800 пациентки.

Од оваа година првпат се обезбедени и ортопедски градници, за жените што се оперирани од рак на дојка, како и психолошка поддршка на онколошките пациенти.

Во фаза е централизација на сите онколошки оддели под Клиниката за онкологија во Скопје, со цел да се обезбеди максимална поддршка на пациентите и во другите градови.

Од министерството со апел до сите жени да прават редовни лекарски контроли кои се најефикасни за рано откривање и дијагностицирање на болеста. Но, покрај редовните контроли секоја жена треба да прави и месечен самопреглед на дојка.

OhridNews