Најскапиот стан продаден во Македонија во вториот квартал од 2026 година се наоѓа во Охрид, покажува најновиот Извештај од Регистарот на цени и закупнини на недвижностите на Агенцијата за катастар на недвижности.

Според официјалните податоци, стар стан од 66 метри квадратни во Охрид е продаден за 211 200 евра, што е највисока продажна цена на стан во земјава евидентирана во периодот април – јуни 2026 година од 3 200 евра за квадрат.

Најскапиот нов стан, пак, продаден од инвеститор е во општина Аеродром, Скопје каде за 50 метри квадратни купувач платил 168 000 евра.

Извештајот покажува дека пазарот на недвижности продолжува да расте. Во вториот квартал се реализирани 8.369 трансакции, што е 7,9 проценти повеќе во однос на првиот квартал, а вкупната вредност на прометот со недвижности изнесува 351,7 милиони евра.

Агенцијата за катастар наведува дека Регистарот на цени и закупнини служи за следење на реалните пазарни цени на недвижностите и обезбедување транспарентни информации за движењата на пазарот, а кварталните извештаи претставуваат официјален пресек на состојбите во земјата.

OhridNews