Според податоците кои ги објави Државната изборна комисија, на претстојните предвремени парламентарни избори право на глас ќе имаат вкупно 1.821.122 граѓани во Република Македонија и 7.258 во странство.

Во Изборната единица бр. 1 право на глас ќе имаат 302.864, во втората изборна единица – 312.720, во третата – 291.140, во четвртата – 292.596, во петата – 303.686 и во шестата изборна единица се регистрирани 318.116 гласачи.

Што се однесува на избирачите во странство, според податоците на ДИК, во Европа за гласање се пријавиле 4.653, во Америка и Канада има пријавено вкупно 1.832 избирачи, а во избирачката единица девет – којашто ги опфаќа избирачите во Австралија, право на глас имаат 773 лица.

OhridNews