Раздвижено беше денеска на Граничниот премин Ќафасан, кој согласно одлуката на Владата повторно е отворен за движење на возила и патници без приложување на ПЦР тест и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин на лицата кои ги минуваат границите.

Како што информираат службите на преминот, фрекфентно било од утрово, иако не во толкав обем како пред затворањето на границите. Поголем бил бројот на патнички возила кои од земјата излегувале кон Албанија, отколку обратно.

Од денеска се укинува и забраната за организиран превоз, а од1 јули, среда, ќе бидат отворени за сообраќај  и аеродромите во Охрид и Скопје.

Исто така од денеска угостителските објекти да можат да работат и во внатрешноста на објектите со соодветен протокол за работа.

OhridNews