Додека се најде заедничко решение со Министерството за образование, СОНК го става во мирување најавениот штрајк.

Од надлежното министерство се оптимисти дека поради добрата комуникација со СОНК за кратко време ќе се постигне договор, а од СОНК велат дека чекаат министерството да се изјасни околу нивните барања.

Меѓудругото, од СОНК бараат владата наместо 10%, платите во образованието да ги зголеми за 20% и наместо во април, од 1-ви јануари.

OhridNews