Од денеска во канцеларијата на народниот правобранител, на бесплатна телефонска линија, граѓаните ќе можат да ги пријават повредите на избирачкото право.

Народниот правобранител ќе постапува по пријавите на граѓаните за било какви притисоци и злоупотреби на нивното избирачко право за време на предизборниот период и на денот на изборите.

По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, односно нема да се следи  стандардната процедура на поднесување на претставките.  Пријавите ќе се заведуваат по телефон, веднаш ќе се оди на лице место, ќе се утврдува фактичката состојба и врз основа на тоа ќе се даваат соодветни укажувања.

Народниот правобранител не може да му помогне на граѓанинот да го оствари неговото право, но затоа може на надлежните органи да им укаже, доколку постои можност, органот веднаш да преземе мерки и граѓанинот да го оствари своето право.

Постери со бесплатниот телефонски број, 0800 54321 ќе бидат поставени на сите избирачки места, на сите шест јазици. По поплаките на граѓаните ќе постапуваат шестмина правници.

OhridNews
извор: Makfaks