10 члената екипа на Ренова среќно победија на натпреварот со Победа (2-1) на Билјанини Извори во Охрид. До втората победа во овогодинешните меѓусебните пресметки гипсарите стигнаа по катастрофалната интервенција на голманот на Победа , Вртески.
Мемеди среќно ја донесе победа
Ренова одлично го отвори мечот и во првата посериозна прилика стигна да предност.Нухии беше стрелец во 10-та минута.
По погодокот домаќините не застанаа, продолжија да играат да креираат шанси, кои не успеаваа да ги финишираат со погодок. Откако се созедоа гостите заигра по ангажирано во средината, а како плод на таквата игра беше погодокот на Ристевски (1-1)
По резултатски израмнетото прво полувреме следуваше мирен период на игра во кој блага теренска иницијатива но без конкретни прилики имаше Ренова.
Сликата и тоа како се промена во 74 минута кога Деспотовски заработи директен црвен картон по ударот без топка над Нестороски.
Играчите на Победа тогаш се растрчаа по теренот , створија неколку прилики кои не успеаа да ги реализираат. Казната за нивната нефикасност, а награда за неуморните играчи на Ренова, стигна во финишот на мечот.
Не го криеја разочарувањето – клупата на Победа
Јунакот од средбата со Вардар, Вртески, по центаршутот на Мемеди , заплива и се удави во сопствената мрежа.
Света Троица 2021 продолжува со добрите настапи во Третата македонска фудбалска лига – Регион 5, откако на гостувањето во Кичево славеше над Напредок 1928 со 2:1 До важните три бода, Света Троица с...
ГРК Охрид убедливо го совлада Спор Тото и во реванш натпреварот од второто коло на ЕХФ Европскиот куп и сигурно го продолжува патот во одбрана на европската титула „Гладијаторите“ вечерва во „Билја...
Охрид Лихнидос го доби дербито на врвот во Втората македонска фудбалска лига, совладувајќи го Работнички со 1:0 Стрелец на единствениот гол беше Матески, кој во 53 минута донесе голема победа за ох...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.