Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека на почетокот на месец април, над еден тон замрзнато месо со потекло од Бразил било уништено на депонијата во Струга. 1300 килограми пилешко замрзнато месо било запленето на Граничниот премин Ќафасан.

– Станува збор за легален увоз на замрзнато пилешко месо, за кое, врз основа на извршениот преглед од страна на официјален ветеринар, било констатирано дека потекнува од објект – кланица, кој во моментот на прегледот не се наоѓал на листата објекти кои се одобрени за извоз од страна на Европската унија, односно кој дозволата за извоз ја изгубил на 23.03.2017 година, велат од агенцијата.

Од АХВ појаснуваат дека увозот не месо во земјава се врши исклучиво од одобрени земји за увоз и од одобрени објекти. Секоја пратка задолжително е пропратена со ветеринарно здравствен сертификат со кој се гарантира безбедноста на пратката.

OhridNews