Судијката Лидија Петровска го одби барањето на адвокатите на Горан Грујевски, првообвинет во предметот „Тврдина 2“.  На ексначалникот на УБК ќе му се суди во отсуство. Ваква одлука е донесена на денешното рочиште за предметот „Тврдина 2“ во кој првобовинет е ексначалникот на Петтата управа, Горан Грујевски, со уште шест службенички во УБК.

Судијката ја исклучи јавноста за да ги изведат декласифицираните докази добиени од УБК, кои ги побара Специјалното јавно обвинителство. Адвокатот Љупчо Шврговски пред судијката Лидија Петровска, која го води случајот, претходно рече дека постојат правни пречки на Грујевски да му се суди во отсуство бидејќи тој е лишен од слобода во Грција и е во екстрадициски притвор. Според Шврговски, судењето во отсуство не може да се реализира сè додека не заврши екстрадицијата.

Обвинителот на СЈО, Трајче Пеливанов, ова барање го оцени како неосновано бидејќи судењето во отсуство на Грујевски не му го ускратува правото да бара повторување на постапката. Тој рече дека станува збор за предмет директно поврзан со скандалот со прислушувањето.

OhridNews
Макфакс