Во организација на Универзитетот „Св.Апостол Павле“, викендов, по петти пат се одбележува 21 мај, Светскиот ден на културната разновидност.
Настанот официјално беше отворен денес, на градскиот плоштад каде од страна на студенти и професори од повеќе од 15 земји од светот беа презентирани нивните национални обележја и култури. Во рамки на настанот вчера во просториите на универзитетот, се изврши проекција на филм во соработка со Филмската академија. Програмата ќе заврши со концерт во 19 часот.
Интеркултурноста е една од најзначајните карактеристики на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ каде студираат професори и студенти од повеќе од 50 земји во светот.
OhridNews
Фото:Анета В.Јованоска

















