Во сабота- 21 мај, на поранешниот Градски полигон во Охрид, со почеток во 20 часот и 30 минути, СДСМ ќе одржи предизборен Митинг.
– Ги повикуваме сите граѓани кои не се согласуваат со овој режим, сите оние на коишто им е помила слободата отколку живеењето во страв, сите оние на кои денес џебот им е попразен отколку пред 5 години, сите оние коишто сакаат европски Охрид и европска Македонија, да ни се придружат на поранешниот Градски полигон за мали спортови, велат од СДСМ.










