Голем број граѓани одлучија продолжениот викенд да го поминат во соседна Грција што создаде метеж и долги чекања на граничните премини. Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека на граничните премини има околу 30 минути задржување за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Зголемен е интензитетот на сообраќајот и на сите патни правци надвор од градските средини. Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

OhridNews