Во охридската Полициска станица, вчера, бил задржано 48-годишно лице од Корча-Република Албанија, кое претходно било лишено од слобода на граничниот премин „Ќафасан“ по издадена меѓународна потерница.

Истиот ден лицето е изведено пред Основен Суд Струга каде му е изречена мерка притвор во траење до завршување на постапката за екстрадиција. Веднаш потоа, од страна на полициски службеници е предаден во Казнено поправната установа-Затвор Охрид.

OhridNews