Пеперутки, пчели, бубамари, цвеќиња-  денес повторно го исполнаа градскиот плоштад каде децата од охридските градинки го славеа доаѓањето на пролетта.

Изведоја музичко- ритмички точки и покажаа што научиле во текот на годината за ова годишно време.

Традиционално, секоја година најмладите охриѓанчиња со пригодна програма го прославуваат доаѓањето на пролетта облечени во пролетни украси.

OhridNews