На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, утре, ќе се одбележи отворањето на летната сезона 2017 година, со првиот чартер лет со холандски туристи од Амстердам, со авиокомпанијата Корендон.

Пред присутните ќе се обратат Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, Алп Ер Тунга Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија и охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески.