Вечерва на полноќ истекува рокот до кој немоќните и болните лица, кои не се во можност да гласаат на избирачките места во недела, треба да ја известат Општинската изборна комисија.
Ним им е овозможено да гласаат ден пред изборите во своите домови или каде што престојуваат.
На 4 јуни, покрај болните и изнемоштените, ќе можат да гласаат и лица кои се во притвор или на издржување казна затвор, внатрешно раселените лица, како и македонските државјани во дијаспората.
Изборната кампања завршува во петок на полноќ, кога почнува изборниот молк кој трае до недела во 19 часот. Гласањето в недела на 5 јуни почнува во седум и ќе трае до 19 часот.
Гласачите ќе можат да се изјаснат за 18 листи со 1.679 кандидати за 120 пратенички места во македонскиот Парламент.










