Во втората епизода на „Обични Херои“ ја портретираме улогата на Анета Вршкоска-Јованоска или попозната кај најмладите генерации како Тетка Анета Кловнета.

Анета Вршкоска-Јованоска пред точно 20 години го создаде највеселиот кловн во Охрид и пошироко со што стана најпрепознатливиот херој на детските роденденски забави.

Едукативно-забавните дружби со децата имаат многу одговорност кои за Анета станаа професија веќе 20 години по своите препознатливи игри, забави кои сите деца ќе ги паметат по својата уникатност.

Овој кловн-херој кој има подарено милиони детски насмевки заслужува свое место во обичните херои на Охрид и со својата енергија шири позитива на најважниот ден на секое дете, прави да се чувствуваат бестрашно, безгрижно и бескрајно среќни што има влијание во нивното секојдневие и нивното растење.

Погледнете ја втората епизода со Анета Вршкоска-Јованоска, запознајте се со нејзината приказна која заслужува особена почит за мисијата која ја шири веќе 20 години.

OhridNews