Голема промоција и попусти на светски познатите брендови за електричен алат DeWALT, Black+Decker, Stanley, Graphite, Verto, промоција со стручна презентација, многу забава и изненадувања за купувачите во салонот на „Кармен Бауцентар“ во Охрид.

– Високо опремениот „Кармен Бауцентар“ е место каде можеме да ги задоволиме потребите на нашите купувачи без разлика дали станува збор за изградба на куќа, деловен простор или адаптирање на постоечки простор. Со оглед на тоа дека сме лидери на пазарот за градежни материјали побарувачката е голема, велат од центарот.

Секој купувач има можност лично да го тестира посакуваниот алат, а следуваат попусти до 20% како и подароци. Купувачите ќе имаат можност поблиску да се запознаат со спецификациите на германскиот ламинат “Swiss Krono” за кој е предвидена специјална акција.

Во текот на дводневната акција што се одржува денес и утре, по фабрички цени купувачите можат да набават и гарден мебел.

Овој познат центар ги застапува и лидерите во градежништвото како “Bekament”, “Knauf”, “Ursa”, “Armstrong” и други.

Не пропуштајте ја можноста за најповолни цени да набавите се што ви е потребно за вашиот дом или работна просторија и посетете го салонот на „Кармен Бауцентар“ на улица „Железничка“ во Охрид.

OhridNews