Од денес до 12-ти ноември во Младинскиот центар во Охрид ќе се одржи Националниот форум за младинска работа.

Во текот на настанот ќе се реализираат панел-дискусии, работилници, презентации и интерактивни сесии насочени кон унапредување на младинската работа и зајакнување на меѓусекторската соработка, посочуваат.
Официјалното отворање на Форумот е утре, 11 ноември, од 10 до 10:45 часот, со поздравни обраќања на претставници на релевантни институции и организации. Меѓу нив се Никола Додов од Министерството за социјална политика, демографија и млади, Ана Чернишова, заменичка на постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Северна Македонија, Биљана Цветановска Гугоска, шефица на канцеларијата на УНФПА во земјава, и Ана Михајлов, директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
На отворањето, според најавата, ќе се обратат и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, како и Зоран Илиески, извршен директор на Коалицијата на младински организации СЕГА.
Во рамки на Форумот ќе се одржи и свечено доделување на националната награда „Младински пријателски град“, со која ќе бидат наградени осум општини, по една од секој плански регион, за постигнатиот напредок во спроведувањето на обврските и стандардите предвидени со Законот за младинско учество и младински политики.
OhridNews











