Хотелиерите се задоволни од најавите и склучените аранжамани за претстојната туристичка сезона, која според нив ќе биде добра, доколку нема дестабилизација на безбедносната ситуација.
-Кај нас се е поврзано со ситуацијата. Минатата година ја имавме бегалската криза, пред тоа Куманово. Очекуваме дека оваа година нема да има никакви инциденти и ќе имаме максимална бројка на гости. – вели Крсте Блжески од ХОТАМ.
На почетокот на мај се очекуваат првите организирани посети на туристи на Холандија со чартер летови со што и официјално ќе биде отворена новата сезона за која има добри најави, доадава Блажески.
– Најбројни на ривиерата се холанѓаните, а потврда на тоа е зголемувањето на чартер летовите од Амстердам за уште еден лет. Покрај холанѓаните последните години има зголемување на гости од Јапонија, Кина и Кореа, а најавена е и повисока класа на гости од Иран. Исто така очекуваме доста гости од Полска, како и зголемување на бројот на туристите од Германија. – истакна Блажески.
OhridNews












