Најмалку четворица убиени и шестмина приведени лица, припадници на екстремистичко-криминална група, е епилогот од  денешната полициската акција во тетовско, соопопшти министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска,

Акцијата под оперативно име „Планинска бура“ била  изведена на потегот меѓу селата Бродец, Вејце, и Вешала, на Шар Планина.

Меѓу цивилите и меѓу полицајците нема загинати и ранети, соопшти министерката која акцијата ја оцени како успешна. Таа посочи дека акцијата  била подготвена по сите стандарди за безбедност на цивилното население и дека истата успешно е завршена

МВР соопшти дека, постапувајќи по добиени разузнавачки информации на теренот, посебните единици на полицијата околу 06 часот ја локализирала групата во која според сознанијата се наоѓале лица осомничени за сторени тешки кривични дела кои се бараа со меѓународни потерници кај нас и преку Интерпол. Покрај лица од Косово, според информациите кон оваа група се приклучиле повеќе лица кои минуваат во крим евиденција на МВР за сторени тешки кривични дела од областа на насилниот криминал.

Во акцијата „Планинска бура“ приведени се 6 лица. При обидот за нивно приведување, од страна на вооружената група, од повеќе позиции беше отворен оган кон припадниците на полицијата. Од страна на полицијата е возвратено на огнот по што припадниците на вооружената група се дале во бегство. На неколкуте места од каде што е пукано кон полицијата пронајдено е поголемо количество на оружје меѓу кои тежок митралез ГУЛИНОВ 12,7 мм, бесповлечен топ, рачни ракетни фрлачи, рачни фрлачи на гранати, стингери, бомби, експлозивни материјали и поголема количина на автоматско оружје.

Во врска со текот на акција ПЛАНИНСКА БУРА, МВР е во постојана координација со безбедносните служби на Косово од каде што е добиена целосна поддршка за евентуално пресретнување на вооружените лица кои би се обиделе да ја преминат границата, соопшти МВР.

ohridnews