Патот до селото Велестово, кој голем број граѓани и туристи го користат за рекреација поради убавиот поглед и природа, преполн со расфрлан отпад. Љубителите на природата, револтирани од односот на несовесни поединци кои и покрај бројните апели, продолжуваат со фрлањето отпад.

– Ваква е глетката денес, но истата беше и за време на велигденските празници кога тука минуваа голем број туристи. Се надеваме дека барем гостите кои ќе го посетат Охрид и Велестово за првомајските празници нема да го затекнат овој неред на расфрлани душеци, санитарен отпад, пластика и што уште не, велат граѓаните.

Медиумите, еколошките здруженија, граѓаните постојано апелираат за подигнување на еколошката свест и да не се фрла отпад во природата. И покрај тоа дивите депонии можат да се видат насекаде во градот, но и на најубавите локации во околината.

OhridNews