Стапи на сила новиот Тарифник со кој се намалуваат цените на услугите што ги нуди Агенцијата за катастар на недвижности, информира денес министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

– Силно веруваме дека ваквата мерка ќе придонесе за намалување на трошоците на граѓаните и компаниите, а од друга страна ќе овозможи побрзо, поефикасно и навремено обезбедување на услугите, рече Сугарески.

Мерката се однесува за намалување на три тарифници за услуги што ги нуди Катастарот и тоа со намалување до 90 % или: во Тарифникот за надоместокот за запишување на инфраструктурни објекти, цените се намалуваат во просек за 90 %. Во Тарифникот за запишување на недвижности во Катастарот,  цените се намалуваат во просек за 51 %. Цените во Тарифникот за надоместок за кориостење на податоците од Геодетско Катастарскиот Информационен Систем се намалуваат во просек за 28 %.

OhridNews