Кривичниот суд му го укинал притворот на Едмонд Темелко и му определил мерка куќен притвор, јавува „Макфакс“. Како што потврдуваат од Кривичниот суд, решението на кривичниот совет кој постапувал по барање на одбраната на Темелко е донесено вчера. Кога тој ќе може да го напушти притворското одделение зависи од процедурата за прием на решението и негово спроведување.

Инаку Темелко беше притворен пред два месеци на барање на специјалното јавно обвинителство бидејќи тој е обвинет во предметот за изборни нерегуларности „Титаник“ а не ја почитувал мерката на претпазливост која му беше определена забрана за напуштање на државата. Во случајот „Титаник“ на СЈО се гонат и ексминистри и политичари, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски.

OhridNews
извор: „Макфакс“