Поради компликации настанати при санацијата на дефектот на улицата „Питу Гули“, прекинот во водоснабдувањето во овој дел од градот е пролонгиран.
Проблемот е предизвикан од приватна фирма која при изведување градежни работи ја скинала главната цевка, поради што најавениот прекин во водоснабдувањето ќе се пролонгира, соопшти ЈП Водовод.
Претходно јавното претпријатие информираше дека поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:00 часот неколку часа без вода ќе бидат и корисниците на улиците: „Питу Гули“, дел од „7ми Ноември“, дел од „Ристо Чадо“, населбата Црногорци и селата Горно Лакочереј, Лескоец и Велгошти.
Екипи на ЈП Водовод Охрид се на терен до целосно завршување на санацијата, стои во соопштението.
Г.М.











