Охрид треба да биде среден, како што е среден Св. Наум, вели кандидатот за градоначалник од ГДУ Михаил Трендафилов Нанче. Според него, начинот на кој е уреден манастирскиот комплекс треба да биде пример за Охрид.

-Се трудам, се мачам, некако на охриѓани да им доловам што сакам и каков сакам да биде Охрид. И види, одам во Св. Наум и ми „светна“. Па тоа е тоа. Па вака треба да изгледа среден Охрид. Браво за отец Нектариј. Таков градоначалник му треба на Охрид. Пред делата и боговите молчат! – вели Нанче во видео обраќањето кое може да го погледнете тука.