Автомобилот во којшто се возела кандидатот за премиер на СДСМ, Радмила Шеќеринска вечерва било пресретнато и нападнато од друго возило кај Росоман, јавува „Макфакс“.

Според портпаролот на изборнито штаба на СДСМ, Гордан Георгиев непознато возило им го пресекло патот додека се враќале од митингот во Прилеп. Лицата од другото возило, кои засега се непознати, фрлиле стаклено шише врз автомобилот со којшто патувала Шеќеринска.

Повредени нема, а засега напаѓачите се непознати.

OhridNews