На Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“, под чија капа работи Народниот театар од Охрид, во рамки на програмата за драмска дејност на Министерството за култура, му се одобрени 2.4 милиони евра за три нови театарски проекти кои треба да се реализираат во 2018 година.

За претставата „1984“ од Џорџ Орвел, која ќе ја режира Ирена Стеријовска на Охридскиот театар му се одобрени 700.000 денари. Втората нова претставата за која театарот во Охрид ќе добие 900.000 денари е „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс, во режија на Софија Ристевска Петрушева. Третиот проект одобрен од Министертвото за култура е претставата „Каде е пиштолот, господа?“ од Габор Георѓи, во режија на Дејана Николовска, за што на Народниот театар од Охрид му се одобрени 800.000 денари.

Од театрите во внатрешноста помалку пари за реализација на драмската програма од Центарот за култура во Охрид единствено доби НУ Центар за култура „Јордан Х.К.Џинот“ од Велес – 2 милилиони денари, за три театарски претстави, а најмногу Битолскиот театар – 7.7 милиони денари за шест нови претстави во 2018 година. Најголем буџет годинава има МНТ, близу 14 милиони денари, со кои ќе бидат  финансирани осум нови театарски проекти.

  • Г.М.