Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека денес, 7 ноември, ќе биде организиран превоз од овие градови до филијалата на Банката во Битола и назад.

На овој начин ќе им се овозможи полесно да пристапат до средствата на своите сметки и да подигнат готовина. Враќањето до местото на живеење ќе биде откако сите клиенти на банката ќе си ги подигнат своите средства, посочуваат.

Во Охрид поаѓањето е од градската автобуска станица во 11 часот.

OhridNews