Хуманитарите активности за собирање средства за лекување на 11-годишно момче од Охрид кое болоедува од ретка болест, продолжуваат и денеска. Со таа цел вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 20 часот, охридските професионални актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски ќе го изведат популарното кабаре шоу „2 Mothers Brothers“.
Деведесетминутното урнебесно шоу е исполнето со динамични дијалози и авторски песни, чија основа е комедијата.
Картите кои чинат 100 денари, се продаваат во Центарот за култура „Григор Прличев” и кафулињата „Милениум”, „Стилс”, „Објектиф”, „Аквариус” и „Куба Либре”. Собраните средства ќе бидат донирани за лекување на 11 годишно момче од Охрид.
Хуманите граѓани може да донираат и парични средства преку уплата на жиро сметка на 530500017615254 Охридска Банка. Отворени се и телефонски линии за донации 075 143 113, 077 143 155 и 070 143 105 на мобилните оператори Т- Home, One и Vip.
СВР Охрид се приклучува кон хуманитарната акција за помош на 11 годишното момче
Секторот за внатрешни работи Охрид, по иницијатива на здружението на новинарите од Охрид, активно ќе се вклучи во хуманитарната акција за помош на единаесет годишното момче од Охрид.
– Сакајќи, нашиот млад сограѓанин да ја победи болеста, да има безгрижно детство и среќен живот, сите вработени во СВР Охрид, својата хуманост ќе ја искажат со доброволно донирање на парични средства кои ќе бидат уплатени на жиро сметка, но и со телефонско јавување од своите приватни мобилни телефони на посебните телефонски линии наменети за таа цел, информира портпаролот на СВР Охрид, м- р Стефан Димоски.
Од СВР Охрид додаваат дека искрено сакаат да го дадат својот придонес кон побрзото собирање на потребните парични средства за младиот охриѓанец на кого, од срце му посакуваат успешна операција, добро здравје, да се врати меѓу своите другари, да има среќно детство и заедно со неговото семејство да им се радува на убавините на животот.
OhridNews
Хуманитарната акција за помош на 11 годишното момче – бидете хумани и донирајте











