Настап на ансамблот „Колегиум про музика“ на „Охридско лето“
17.08.12 07:00
Во рамки на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во 21 часот во катедралната црква Св. Софија, ќе настапи ансамблот „Колегиум про музика“ од Италија.
На програмата се дела од :Телеман, Вивалди, Моцарт и Тартини.
Колегиум Про Музика е ансамбл специјализиран за изведба на музика од XVII и XVIII век (особено италијанска) во согласност со барокниот стил и со копии од оригинални инструменти. Ансамблот го сочинуваат неколку од најдобрите италијански уметници, кои паралелно остваруваат интензивна концертна активност како солисти со најзначајните европски концертни институции, како и со признати барокни состави и диригенти. Ансамблот настапувал со познати пејачи, меѓу кои и: Ема Киркби, Роберта Инверници, Џема Бертањоли и Катрин Кинг, со виолинистката Моника Хагет и чембалистот Боб Ван Асперен. Ансамблот работи во повеќе формации, од трио до барокен оркестар. Негов уметнички директор е Стефано Баљано. Настапувал на значајни фестивали и концерти во САД, Европа и Азија, меѓу кои и на сцените на Карнеги Хол, салата на Московскиот конзерваториум, Palazzo Venezia во Рим, Конзерваториумите во Пегинг и Тијанин, Интернационалниот фестивал во Љубљана, Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена и многу други. Ансамблот има реализирано повеќе снимки, кои се наградени со одлични критики. Колегиум Про Музика снимил носачи на звук за Brilliant Classics, Stradivarius, Dynamic, Tactus, Velut Luna и Nuova Era.
На денот на последниот концерт на Тоше Проески, 5 октомври, вечерва на Гумење ќе се одржи концерт „Со љубов за Тоше“ Пред спомен куќата „Тодор Проески“, во Крушево, на вториот по ред концерт ќе нас...
Tрадиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2023 година, македонскиот поет Влада Урошевиќ, се одржа вчера вечер во црквата „Св Софија“ во Ох...
Одбележување на сто години од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов се одржа вчера во црквата „Св Софија“ во Охрид во рамки на 62 издание на фестивалот „Струшки вечери на поезија“ Пред бројните с...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.