Одделенските наставнички Љубица Чифлигароска и Виолета Петковска од основното училиште „Кочо Рацин“ зедоа учество на 13-от Меѓународен детски фестивал-работилница во Бања Врујци-Србија.
Нивната активност ќе биде реализирана со креативната работилница „Кукли во народна носија“–изработени од отпадна пластична амбалажа и хартија во боја. Претходно овие активности беа реализирани на часовите по ликовно образование за заштита на планетата Земја од отпадни матерјали.
– Разговорите со учениците за примена и рециклирање – пренаменување на намената на отпадните пластични шишиња и изработените креативни изработки ни даде идеа да се пријавиме на 13. Меѓународен Фестивал на детското творештво. На конкурсот беа пријавени 24-ри работилници за изработка на креативни кукли. Од сите работилници осум беа избрани како најкреативни меѓу нив трета работилница е избрана нашата работилница оваа активност на 26 и 27 мај ќе треба да ја реализираме со ученици во Бања Врујци во Србија, велат наставничките.
Тие додаваат дека креативноста кај учениците секогаш ја поттикнуваат наставниците за правилна реализација на активностите на часовите и секогаш се вродени со плод на успехот.
OhridNews















