Светското фудбалско првенство во Катар ќе биде отворено денес, по традиција со натпревар во кој ќе игра домаќинот. Противник на Катар ќе биде Еквадор. Средбата ќе се одржи на стадионот „Ал Бајт“ во Ал Хор со почеток во 17 часот.

Стадионот „Ал Бајт“ во Ал Хор со капацитет од 60.000 гледачи. Фото: ЕПА/Миа

Натпреварите од групната фаза на Светското првенство во 2022 година ќе се одржат од 20 ноември до 2 декември.

Осминафиналните средби ќе се играат од 3 до 6 декември.

Четвртфиналната фаза е закажана за 9 и 10 декември.

Двата полуфинални меча ќе се играат на 13 и 14 декември.

Натпревар за 3. место е на 17 декември (Стадион Калифа во Доха).

Големото финале ќе биде на 18 декември („Национален стадион“ во Лусаил).