Тим научници во Канада успешно го изолирале агенсот на тешкиот респираторен синдром корона-вирус 2 (SARS-COV-2), познат како вирус COVID 19, кој предизвика светска пандемија, пренесуваат светските агенции.
Успехот бил постигнат со заедничка работа на научници од институтот „Сонибрук“ и „Мекмастер“ и универзитетот од Торонто.
Истражувачите од овие институти од светска класа се собраа и заедно за само неколку недели успеаја да го изолираат вирусот. – рече Роб Козак, микробиолог од Истражувачкиот центар „Сонибрук“. Демонстриравме дека неверојатни работи можат да се случат кога соработуваме, додаде тој.

Сега, кога го изолиравме вирусот (SARS-COV-2), можеме да го споделиме тоа со други истражувачи и да ја продолжиме оваа тимска работа. – истакна д-р Аринџеј Банерџи од Универзитетот „Мекмастер“ во Торонто.
Научниците сметаат дека вирусот COVID 19 на луѓето се пренел од лилјаци.
Г.М.











