За да се подобри состојбата со рибниот фонд на пастрмката во Охридското Езеро, која поради негрижа на човекот во минатато е доведена до раб на исчезнување, треба да се промени начинот на кој се стопанисува со езерото, смета екологистот Лазо Наумоски. Во своето обраќање до јавноста по повод Светскиот ден на животната средина, 5ти Јуни, Наумоски со став дека идни концесионери на Охридското Езеро во 2018 година пожелно би било да бидат локалните власти на Охрид и Струга.
-Охридското езеро да се прогласи како природен матичњак за Охридската пастрмка за добивање рибен подмладок за порибување на Охридското Езеро со неговите сливни реки, сите реки, акумулации, природни и вештачки езера во РМ каде за тоа одговараат природните услови, во сливното подрачје на Охридското Eзеро каде има услови во приватен сектор за потребите на хотелиерството и туризмот. – вели Наумоски.
Наумоски предлага стопанскиот риболов целосно да се укине, а да му се даде предност на спортскиот риболов поврзан со туризмот, додека заштитата на езерото да ја организираат локалните власти на Охрид и Струга со свои ангажирани луѓе и сателитска контрола на целото езеро.
-Благодарение на спортскиот риболов поврзан со туризмот, кое ќе го организираат локалните власти на Охрид и Струга ќе станат економски моќни локалните самоуправи за да можат да ги решат сите економски, еколошки и туристички проблеми. Овие активности се во интерес на граѓаните на Охрид и Струга и самото Охридско Езеро и неговиот слив. – смета Наумоски.
OhridNews












