Според информациите на МВР во текот на вчерашниот ден околу 09:50 часот на месноста „Стража“ поточно на бензиската пумпа „Лук Оил“ поголема група најверојатно фудбалски навивачи кои пристигнале со автобуси го нарушиле јавниот ред и мир при што физички нападнале четири вработени лица и искршиле дел од инвентарот на бензиската пумпа. По инцидентот напаѓачите влегле во автобусите и го напуштиле местото на настанот.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews