Физичката активност е најдобрата превентива за да се избегнат деформитетите кај децата, но мора да се прават и редовни контроли и да се следат децата во нивниот раст, со цел навремено да се реагира, вели дипломираниот кинезитерапевт Јован Каланоски.

Не секогаш какви и терапевти да сме, можеме да го решиме проблемот со деформитетите кај децата. Најважно е навремено откривање и почнување со преземање мерки, дали е тоа спорт, корективни вежби, корсети за корекции, истегнувања….Навремената реакција е многу битна. Затоа им им велам на родителите да си ги гледаат децата, еднаш месечно да ги проверуваат, ако видат некоја асиметрија кај рбетот да се консултираат со стручни лица. Имаме три раста кај децата и ризикот во тие е голем за појава на деформитети. Не знаеме во кој правец ќе тргне рбетот, дали правилно или во друга насока и тогаш треба да се прати, вели Каланоски.

 

Потенцира дека вродените деформитети се стрикно оперативни или ако се во мал степен со вежби може да се задржат иста.

Корекција на вроден деформитет преку мануелна терапија е бесмислено. Пршлените се така вродени и нивната структура е многу различна во споредба со нормалниот. Кај вродените деформитети треба да се внимава да не прогресираат или минимално да прогресираат. За жал, имаме и задоцнети случаи. Сколиозата е најопасен тродимензионален деформитет кај децата, искривени се во три димeнзии, прогресира страшно многу во тие три растови. Детето не расте во висина, се криви на една страна, на друга страна. Ако тука навреме не се реагира и процентот на деформитет премине некоја критична точка многу е тешко да се корегира до безбеден степен, додава Каланоски.

Причините за сколиозите, вели, не е дефинирана, ако не е вродена, а девет спрема еден е соодносот на застапеност кај девојчињата во споредба со момчињата, што можеби е и резултат на поголемата физичка активност на момчињата, за разлика од девојчињата.

`Рбетот е е една моќна конструкција и со мал деформитет можеме да живееме, но да биде во нормални граници. Многу ми е мило што во училиштата има наставници по физичко образование уште од прво одделение зошто тие го следат балансот или дисбалансот на телото кај детето. Потребна е многу почеста комуникација со родителите,  но и да се прават систематски прегледи на три-четири месеци кај стручни лица. Мора свеста да се подигне, мораме децата да ги следиме, заклучува Каланоски.

Н.С.Ј.