Со ждрепка Државната изборна комисија денеска го утврди редоследот на политички партии и коалиции на гласачкото ливче за претстојните предвремени парламентарни избори.

Прва на листата е партијата на Имер Селмани, Нова Демократија, 2-ра е ПОДЕМ, 3-та СДУ, 4-та ДУА, Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ „За подобра Македонија“ е на 5-то место, ВМРО НП е 6-та, ДУИ 7-ма, а ДПА -8-ма , кандидатската листа на Достоинство е 9-та, СДСМ е 10-та, НДУ 11-та, ЛДП 12-та, СДПМ 13-та, ЕПМ -15-та, ПДП 16-та, партијата НДП на Руфи Османи, е 17-та а последна, 18-та, на гласачкото ливче е партијата на Љубе Бошковски „Обединети за Македонија“.

OhridNews