На кеј „Македонија“ во Охрид, вчера, во 14.30 часот бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу две лица од Охрид.


– Поради недоразбирање за отстапување на првенство на минување со автомобилите, започнале вербална расправија која набрзо прераснала во тепачка, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Двајцата се повикани во СВР Охрид по што, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews