Летото во Македонија ќе биде потопло од многугодишниот просек, според материјалите кои УХМР ги презема од Европскиот центар засреднорочна прогноза на времето.

Сезонскиот изглед на времето во Македонија за периодот јуни, јули и август 2016 година покажува дека температурите на воздухот ќе бидат малку повисоки од просечните, но тоа надминување нема да биде повеќе од 1-2 степени Целзиусови. Количеството вржени ова лето се очекува да биде во рамките на нормалата, со можност за посушен период во источниот дел и поголема веројатност за надминување на просекот во останатите делови.

Јуни и јули ќе бидат потопли, со врнежи во рамки на просекот. Многугодишниот просек на температурата во Скопје за јуни е 21,9 степени Целзиусови, а за јули 24,2 степени Целзиусови. Што се однесува за врнежите во јуни многугодишниот проеск е 44, а за јули 37,6 мм.

Во август и температурата и врнежите се во рамки на просекот. За Скопје просечната многугодишна температура за овој месец е 23,9 степени Целзиусови, а за врнежите 34,4 мм.

Постои веројатност во летната сезона да се јават периоди со исклучително топло и сушно време, како и веројатност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни врености на температурата, но и влажни продори.

OhridNews
Извор:„Макфакс“