Најновите врнежи од дожд се со релативно слаб интензитет, а на планините и повисоките места има снег, што ќр го забави покачувањето на водостоите, проценува хидролошката служба при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта и утрото, така да порастот на водостоите се очекува во текот на ноќта и утрешниот ден. Според очекуваните количини на воден талог, појавата на снег и умерениот интензитет, врнежите не се очекува да предизвикаат поројни истекувања, па соодветно на тоа не очекуваме да има појава на излевања од речните корита, со исклучок на некои помали водотеци каде има појава на засипани корита. – велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Сепак се препорачува на внимателно движење покрај реките и суводолиците.

OhridNews