Од вознемирување, до тешки облици на криминал, тероризам, хакерски напади и крадење на идентитетот и лични податоци, интернетот крие бројни стапици во кои корисниците најчесто запаѓаат од невнимание. Од друга страна заштитата на корисниците во вируелниот свет најмногу се сведува на индивидуалната претпазливост и информираност за опасностите при користењето на напредните технологии, дотолку повеќе што не постои унифициран систем на заштита, предупредуваат експертите.
– Факт е дека сите земји во регионот се на почеток што се однесува до безбедноста на интернет и се подготвуваат да се воведе законска и друга регулатива. Постојат различни практики. Интернетот во некои земји како БиХ е прогласен е за јавно место, такашто органите на безбедноста во такви ситуација можат да реагираат и да преземаат мерки против девијантните појави на интернет. – вели Предраг Коваќ од IT секторот во БиХ.
Во Македонија, исто така, освен во поединечни закони, интернетот не е регулиран и недостигаат правила и прописи во многу области како што се кривичниот законик, следењето на комуникациите, трговијата и друго.
-Како секоја земја напредува технолошки постои потреба многу работи да се регулираат. Во виртуелниот свет треба да се обезбеди некаква регулација како и во реалниот свет. – вели Марта Арсовска Томовска од Министерството за информатички науки и администрација.
На ицијатива на Македонија, деновиве во Охрид се одржа средба на претставници од ИТ секторите од државите во регионот и експерти од светот за безбедност на интернет, на која се дискутираше за регулирањето на интернетот и најдобрите практики во оваа област, што на земјите од опкружувањето треба да им помогне да изградат подобар систем на заштита од разните облици на онлајн криминал.
OhridNews












