Неизвесно станува најавеното уривање на библиотеката и градењето на плоштад нa најзината локација.

– Се чека одговор од владата, за да се овозможи уривање на библиотеката. Ние испративме писмо со кое ја известивме владата дека библиотеката ќе ја уриваме на наш трошок за што обезбедени се средства и спонзорства од градежни фирми, но владата сеуште не ни одговори. Неизвесно е дали воопшто ќе ни одговори и дали ќе се урива овој објект бидејќи ако не добиеме одговор наскоро, ќе започне главната туристичка сезона и уривањето ќе се одложи. Искрено мислам дека е неизвесно дали ќе добиеме одговор до мај, или до некои наредни избори, бидејќи сите веќе се преокупирани со тоа – изјави  градоначалникот Александар Петрески, во емисијата Соочувања.

Петрески уште еднаш повтори дека со владата во Скопје нема никаква комуникација и дека тоа доведува до големи проблеми во работата на локалната самоуправа.

ohridnews