По налог на  општина Охрид, денеска, екипи од јавните претпријатија „ Нискоградба“, „ Градски гробишта“ и „ Охридски комуналец“  започнаа акција за оградување на просторот околу  малиот плоштад и  црквата „ Св. Софија“ со жардињери и бетонски столбчиња.

– По денешната акција на оградување се очекува повеќе  да не се паркираат возила крај малиот плоштад со што се оневозможува пристап до плоштадот. Се очекува да се стави крај и на грдата слика поради нелегално паркираните  автомобили  покрај дворот на еден од најубавите сакрални објекти во градот ,катедралната црква „Св. Софија“, велат од локалната самоуправа.

OhridNews